Опис: За прв пат е откриена во Австралија, и е потврдена во 1972 г. Во Европа е исто така присутна па дури и во Македонија се забележани зарази на сортата `ркацители и ја намалува родноста кај болните лози. Се смета дека болеста потекнува од Молдавија, бидејќи потеклото на оваа сорта е од таму. Нема разлика во развојот, но на лисјата се забележуваат расфрлени ситни жолти дамки. Бројот на дамки варира, од еден па до многу дамки кои се спојуваат и покриваат голема површина од листот. Како и да е овие дамки се формираат доцна, па најдобро воочливи се кон крајот на летото. Не се познати вектори, пренесувањето се остварува механички со прибор за калемење. Се шири со заразени калеми. Експериментално е пренесен со свиларка, а со семе не се пренесува. За заштита од овој патоген потребна е употреба на здрав безвирусен материјал за размножување, добиен од култура на меристем.
|