Име на болест: Екскориоза на лозата - Phomopsis viticola
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Екскориозата е присутна во САД, Канада, Африка, Австралија и Европа. Постојат два слични причинители на оваа болест Phomopsisviticola со потекло од Европа, кој не навлегува многу длабоко во лозата, и . Viticola со потекло од Америка, која е многу поштетна особено за европските сорти. Со постојана употреба на бордовска чорба за сузбивање на пламеницата во виновата лоза, се спречил и развојот на екскориоза. Штетното дејство од болеста се манифестира преку непотерување на окцата, изумирање на лаковите и краците, сушење на ресата и гроздинката, лесно одвојување на ластарите и лаците. Најголем број зарази се остваруваат на првите 4 - 5 листа. Во зависност од условите, заразите настануваат и подоцна. За спречување на ескориоза е потребно превземање на соодветни превентивни и хигиенски мерки. По кроењето да се соберат сите заразени делови, стара кора, а по потреба и цели лози и да се спалат. Хемиската заштита се изведува со зимски третирања со препарати врз база на DNOC (1. 5 - 2%), добро пенетрира и ги разрушува пикнидите. Потоа 2 - 3% бордовска чорба. Во периодот на вегетација може да се употребат фунгициди врз основа на: фолпет, манкозеб, пропинеб и други.



повеќе слики >>

Препарати