Име на болест: Бело гниење на грозјето - Coniella diplodiella
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Се јавува ненадејно по паѓање на град, а кога се остваруваат масовни инфекции и грозјето може да пропадне и до 80% за неколку дена. Паразитот ги напаѓа гроздовите и ластарите, а на гроздинките се формираат светлокафеави дамки. На зрната се формираат црвено кафеaви дамки кои набргу ги зафаќаат целите зрна. По извесно време лушпата станува сиво бела. При влажни услови зрната гнијат, а при суво време се сушат. Габата C. diplodiella слаб паразит. Навлегува само преку рани и прашниците. Мицелијата се развива во клетките. Габата преживува во вид на строми, конидии и пикниди во паднатите зрна во почвата. Конидиите издржуваат суша и во почвата се одржуваат 3 - 13 години. Најинтензивно се развива на температура од 28 - 30 C. За заштита потребно е по паѓање на град, но не подоцна од 16 часа, се врши прскање со препарати врз база на TMTD 0, 5% каптан 0, 5%, беномил 0, 2%, деросал 0. 2% или бордовска чорба.



повеќе слики >>

Препарати