Опис: Бактерискиот рак на лозата е застапен секаде каде што се одгледува винова лоза и зависи од организираноста на производство на саден материјал. Бактерискиот рак кај лозата се појавува кај коренот, подземното стебло, наземното стебло, краците и лаковите. Болните краци не потеруваат или ако потераат за кратко време умираат. Туморите се топчести повеќе или помалку локализирани. Се јавуваат на сите делови од лозата, дури и на пресеците од кроење. На почетокот туморите се меки, бледожолти и по големина варираат од големина на зрно грашок до големина на мала зелка. Причинител на бактерискот рак е Rhizobium vitis. може да се сретне и под други синоними. Се смета дека најчесто заразите се случуваат преку повреди на делови од лозата кои се во почвата, но ова се случува само доколку неколку години по ред во истата почва се произведуваат садници, што предизвикува зголемување на бројот на бактерии во почвата. Бидејќи пичинителот на бактериски рак се наоѓа внатре во растенијата, хемиската заштита до сега не дала ефикасни резултати. Главен начин за борба против оваа болест е производство на добри калеми од здрави резанки за подлоги и здрави калемгранки. Како преткултури да се одлгледуваат житни растенија. Зимско прскање на лозата со 1, 5 - 2% бордовска чорба. Потопување на резанките пред калемење во 0. 5% хинозол за време од 10 - 12 часа. И дезинфекција на калемите пред садење со нивно потопување во 1% суспензија од некој препарат врз база на бакарен - оксихлорид.
|