Опис: Тоа е многу штетна болест, бидејќи причинува изумирање на одделни лакови, краци или пак на цели лози. Првите симптоми се забележуваат во пролет. Кај некои лаци или краци од лозата листовите воопшто не се развиваат, а на другите делови листовите се нормално развиени. Потоа се појавуваат светлозелени или жолтеникави дамки, кои подоцна се зголемуваат, распукуваат и се отвараат пукнатини со должина и до 10 cm. Бактеријата се одржува и презимува во спроводните садови, а се пренесува со ножиците при кроењето, филизиењето, бербата, со калемите при калемење. Во растителни остатоци во почвата бактеријата може да преживее над 5 години. Се развива интерклеточно и предизвикува некрози, а од отворените пукнатини излегуваат бактериите и со помош на дождот се пренесуваат до места каде што ќе направат нови зарази. За спречување се препорачуваат строги карантински мерки. Режењето и палење на заразените делови, па и цели лози. Дезинфекција на приборот со алкохол, премачкување на раните од кроење со соодветни пасти. Употреба на бакарни фунгициди непосредно пред почетокот на вегетацијата. |