Опис: Поради карактеристичните симптоми, таа е една од најпрво забележаните болести кај лозата. Присутна е во цела Европа на а се јавува претежно наглинести и влажни почви. Употребата на бакарните препарати против пламеницата ја потиснуваат оваа болест. Во Македонија била застапена во 70тите години на минатиот век во Струмичко и Гевгелиско - Валандовскиот регион.
Габата ги напаѓа лисјата, зелените ластари и грозјето. На лисјата се јавуваат карактеристични белузлавосиви некрозни дамки ограничени со темнокафеав прстен. При масовни зарази, лиските се деформираат и честопати се кинат. На ластарите, лисните дршки и гроздинката исто така се јавуваат карактеристични тркалезни, вдлабнати белузлавосиви дамки, ограничени со темнокафеав прстен. На зрната се развиваат белузлавосиви вдлабнати тамки, ограничени со кафеавовиолетов прстен и личат на птичјо око, поради тоа што лесно се забележуваат. Габите се разнесуваат со дождот и остваруваат инфекции. Конидиите ртат со во присуство на вода од дождот и при температура како за пламеницата. Спречување се изведува со отстранување на заразените ластари, при кроење и нивно палење. Од хемиски средства доаѓаат предвид бакарните препарати за рано пролетно прскање пред потерување на окцата, а подоцна препарати врз база на: манкозеб, пропи неб, фолпет и други. Средствата кои се користат против екскориозата се ефикасни и против антракнозата. |