Име на болест: Еска на лозата - Phaeomoniella chlamidosspora, sterum hirsitum и polyporus igniarius
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Оваа болест е позната уште од старите Грци и Римјани, но се уште не е доволно проучена. Присутна е во најзначајните лозарски региони во светот. Во Македонија е присутна кај постарите насади, бидејќи патолошкиот процес е долг, промените видливо се забележуваат во постарите насади. Со оглед на посебните климатски услови за развои, во Македонија нејзината појава и застапеност во некои региони стануваат се позагрижувачки. Еската е синдром на повеќе патолошки промени групирани во две форми: бавно или хронично и како брзо изумирање на лозите (апоплексија). Бавното (хронично) изумирање се манифестира, главно на листовите. Кај белите сорти може да се појават ситни црни точки на почетокот на зреењето на грозјето. Кај црните сорти ткивото по периферијата помеѓу главните нерви станува црвеникаво. Овие делови од лиските се сушат, а ткивото покрај главните нерви останува нормално зелено.   Овие промени се менуваат од година во година а на крај лозите изумираат. Венењето на листовите се случува како резултат на зголемена транспирација. Апоплексијата се јавува во сушни години, по некој дожд. Главни причинители се: Stereum hirsitum, Polyporus igniiarius, лозата е најподлежна на овие болести доколку лозата е изложена на мрзнење кое и ги пореметува физиолошките процеси. Помасовните зарази се остваруваат при влажно и врнежливо време по кроењето. За да се избегне, потребно е да се прават мали засеци при кроењето. Препаратот кои се користи за ова заболување е Escudo (врз база на флусилазол + карбендазим) се користи за прскање по кроењето или со посебни ножици за кроење при што едновремено се врши и дезинфекција на пресеците. Друг препарат е Ramag C (Карбендазим+тирам) и Nectec (имазалил+азаконазол) и други.  



повеќе слики >>

Препарати