Име на болест: Еутипоза на виновата лоза - Eutypa Lata
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Еутипозата, еската и екскосриозата се најдеструктивните болести на дрвото кај виновата лоза. Оваа болест е присутна секаде каде што се одгледува винова лоза. Се јавува кај лози постари од 8 години. Првите симптоми се забележуваат набргу по потерувањето на лозата. Имено од болните лози потеруваат голем број ластари. Тие се спечени со кратки интернодии, тенки, со ситни хлорозни и деформирани листови. На ластарите се формираат голем број реси кои се сушат, а останатите мал број реси, формираат по некое зрно со мал раст. Изумирањето на ткивата продолжува постојано во вид на исечок, а се појавува 3 - 5 години од појавата на симптомите. Со оглед на тоа дека заразите се остваруваат преку раните од кроењето, со вообичаената хемиска заштита не може да се постигнат задоволителни резултати. Наместо тоа, засеците од кроењето треба превентивно да се третираат. Тоа се изведува со премачкување (мал број пресеци), или со посебни пневматски ножици за режење (при што со самото режење автоматски се нанесува и потребниот препарат). Се користи препаратот ESCUDO (флусилазол 5г/л + карбендазим 10г/л). Но за премачкување на раните од кроењто може да се користи и 2% суспензија од беномил.



повеќе слики >>

Препарати