Име на болест: Златно жолтеење на винова лоза (Фитоплазма) - Grapevine flavescence doree phytoplasma
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Златното жолтеење на винова лоза за прв пат се појавило во 1949/1950 година, најраспространета била во Јужна Франција, Корзика, Италија, Швајцарија, Португалија. Во Македонија во 1975 се забележани симптоми на поединечни лози во Неготинско, Кумановско и Струшко. Болните лози се групирани во жаришта, пупките на болните лози не потеруваат во пролет или потеруваат подоцна, ластарите се послабо развиени од тие кај здравите лози. Некои ластари воопшто не созреваат и остануваат зелени, а некои во текот на летото се свиткуваат кон земјата. Листовите се здебелени  и цврсти. Кај белите сорти добиваат светложолтеникава боја, а кај црните сорти црвеникава боја. Во двата случаја листовите имаат метален сјај и се крти. За заштита од овој патоген потребно е уништување на болните лози и насади. Употреба на здрав и сертифициран саден материјал. Потопување на заболените резници за подлоги и калемгранки, на температура од 30 oC за време од 72 часа или 50 oC за време од 45 минути. Уништување на цикадите со зимско прскање во текот на март со олеоултрацид и други олеопрепарати, две прскања против ларвите во јуни и јули и едно летно прскање против имагата со препарати врз база на делтаметрин, циперметрин, бифентрин, фенитротион, неоникотиноиди и др.



повеќе слики >>

Препарати