Име на болест: Пепелница на капината - Podosphaera aphanis
Култура: КАПИНА
Опис: Пепелница на капината – започнува како пожолтување кај горните листови. Со тек на време добиваат црвена и пурпурна боја. Зрелите лезии се со аглеста форма, ограничени со спроводните садови од листот. Мицелиите, бело и сиво обоени се јавуваат од спротивната страна од лезијата, на опачината од листот. Нападнатите растенија губат во прираст и брзо се сушат. Највеќе и одговара температура од 18 °С. Габата презимува како мицелиум во коренот, круната и ластарите. Спорулацијата е најинтензивна каде лисната маса е најгуста или при основата од ластарите. Спорите, кои се носени од ветрот се создаваат при ладно време и влажни ноќи. Првите симптоми се јавуваат 10 - 11 дена од инфекцијата. Зголемено присуство од плевели и друга ниска растителна маса создаваат поволни услови за развој на болеста.



повеќе слики >>

Препарати