Име на болест: Бронзена некроза на доматот - Tomato spotted wilt tospovirus
Култура: ДОМАТИ
Опис: Кај растенијата од домат овој вирус посилно го напаѓа врвот, поради тоа тие изгледаат како спечени. Младите заразени листови се завиткуваат нагоре или надолу и стануваат крути. Листовите остануваат ситни, потемнуваат, со тркалезни дамки и жолтеникаво дамкосување, што оддава боја на бронза. Линии со боја на бронза се забележуваат долж стеблото и дршките од лисјата. Стеблото се свиткува и скратува. Растението добива жбунаст изглед. Целите растенија се деформирани и оддават изглед како да венат. Болните растенија образуваат мал број на ситни и деформирани плодови, кои се тврди и имаат жолти прстени. Таквите плодови не се сочни и не се за консумирање. Вирусот е присутен во сите делови на растението и се инактивираат при температура од 40 до 460C. Овој вирус се појавува во посувите и сончеви краеви. Но не ретко се појавува и во оранжериите и пластениците. Вирусот се одржува во повеќегодишните домаќини, во плевелите. Се пренесува и шири исклучиво со трипси. Иденфикувани се неколку вида трипси вектори на овој вирус: Thrips tabaci, Frankliniella fusca и др. Трипсот го пренесува вирусот на перзистентен начин. Еднаш заразени доживотно се преносители вирусот. Презимените трипсови претставуваат и најголем извор на зараза. Одма по активирањето на пролет го пренесуваат вирусот. Основна мерка за заштита е да се спречат инфекциите. Тоа е со уништување на изворите на инфекции (плевелните растенија), производство на расад, уништување на трипсите со соодветни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати