Опис: Овој вирус е многу распостранет и штетен патоген кај растенијата. Бројот на заболени растенија од овој вирус ретко ја поминува бројката од 10%. Но затоа растот и развитокот на заболените растенија до таа мера е пореметен да не даваат никаков род ако се заболени во текот на цветањето. Првите симптоми се манифестираат во вид на благо шаренило на постарите листови. Покасно развиените издатоци доживуваат подлабоки морфолошки промени. Болните растенија имаат ситни, истенчени лиски, кои често се редуцирани до нервите. На стеблото, лисните дршки и плодовите има некрози. Заболените растенија заостануваат во порастот, цветовите се стерилни, а формираните плодови ситни, цврсти и неупотребливи за конзумирање. При силен напад и кај некои локални сорти на плодовите се јавуваат израстоци. Се инактивира при температура од 55 - 700C. Вирусот се пренесува со свиларка, со растителните остатоци во почвата, исто така извор на зараза се едногодишните културни растенија што се одгледуваат во оранжериите, плевели, но не се пренесува преку семето од доматот. За спречување се уништува плевелната флора, инсектите вектори, третирање со инсектициди после расадувањето. Во заштитен простор да се прекине производството барем 10 дена во есен, со цел да се прекини континуитетот во одржување на вирусот во тие простори. |