Име на болест: Вирус на мозаик на тутун - Tobacco mosaic virus
Култура: ДОМАТИ
Опис: Тоа е еден од најраспронанетите вируси на тутунот и доматот. Особено се појавува на високите осетливи и дентерминантни сорти на домат. Заразата настанува со повреда на коренот. На младите растенија се појавува мозаик, а листовите стануваат подолги и шилести. На постарите растенија исто се појавува мозаик, но без деформација на листовите. Поедини соеви предизвикуваат некротични цртички и дамки на стеблото, листот и плодовите, сами и во заедница со други вируси како вирусот на мозаик на компир и др. Опишаните промени настануваат во т. н. шок фаза, после завршниот период на инкубација. Потоа растението почнува да се опоравува. На постарите листови симптомите се маскираат. Само на младите листови и понатаму се манифестираат симптомите на мозаик, особено при влажно и посвежо време, посебно на растенија интензивно потхранувани со азотни ѓубрива. Кај овие сорти се врши пресадување, пикирање, кинење на врвот на стеблото и сукцесивна брба на плодови. Во текот на овие зафати вирусните честички во сокот на заразените растенија се пренесува во повредените делови на здравите растенија. Така се остваруваат масовни инфекции. Вирусот се пренесува со семето. Меѓутоа кај 0, 5 % од семето постои ендогена зараза. Во ова семе вирусот е активен додека трае ртливоста на семето. Растенијата поникнати од заразено семе претставуваат основен извор на зараза за понатамошно ширење на вирусот, најчесто со појавата на механички повреди во текот на вегетацијата. Вирусот се одржува во остатоците од растенијата се до нивно потполно разлагање, а потоа 1 - 2 години во почвата. Најдобро е одгледување на отпорни сорти, за производство на расад да се користи исклучиво дезинфицирано семе, да не се одгледува домат на површини на кој се одгледувани тутун, компир, пиперка.



повеќе слики >>

Препарати