Име на болест: Модра (сина) китка или чумa - Orobanche ramosa
Култура: ДОМАТИ
Опис: Модрата китка е распостранета во услови на наводнување и кај култури кои се одгледуваат повеќе години на една површина. Се развива во текот на целата вегетација. Едногодишен паразит, од основата на стеблото излегуваат разгранети бледожолти стебла од модрата китка кои се високи од 10 до 20cm и имаат многубројни цветови. Во првите фази на развојот се во вид на жолтеникави пупки од кој покасно се развиваат љубучасти цветови. По должината на телото се наоѓаат ситни влакненца. Модрата китка нема листови, а тие се претворени во ситни лушпи. Едно растение има околу 70 - 80 плави цветови од кој поголемиот број даваат семе. Таа е добро прицврстена за корените и основата на стеблото. Таа нема развиено коренов систем, но има цицалки, кои навлегуваат во коренот на нападнатите растенија од каде црпи вода и готови хранливи материи. Нападнатите растенија се со тенко стебло и слабо развиени.  Паразитот има голема способност за размножување, потребна е и доволно влага и температура од 15 - 25 степени. Уништувањето е отежнато, доколку има посилна појава треба да се воведе плодоред, да се користи чиста вода за наводнување.



повеќе слики >>

Препарати