Опис: Оваа болест исклучиво е проблем во оранжерии и пластеници. Симптомите се манифестираат на листовите и тоа прво на постарите. Паразитот ретко се развива на цветовите, плодовите и стеблото. На лицето на листот прво се појавуваат светлозелени и жолти зони со нејасни рабови. Покасно зафатеното ткиво некротира и добива темна боја. Во исто време на долната страна на листот габата формира спори во вид на густа сивкаста пајажина. Со зголемувањето на површината зафатена со некроза листовите се виткаат, сушат и опаѓаат. Паразитот се одржува во остатоците на заразените растенија во земјата, а ширењето се врши со по пат на конидии, со воздушно струење или со контакт. Семето исто така може да биде извор на инфекција. |