Име на болест: Вертициозно венење - Verticillium albo-altrum
Култура: ДОМАТИ
Опис: Овој патоген може да биде ограничувачки фактор во произвотството на домат, ако се одгледуваат осетливи сорти, во реони каде оваа култура традиционални се одгледува. Доколку се заразени млади растенија, тие обично изумираат со претходно венење, а доколку се заразени постарите растенија, тие заостануваат во растот, имаат поситни светлозелени до жолтеникави листови и потоа венат поединечни делови (ветки) од растенијата и цели растенија. При наводнувањето растенијата продолжуваат да венат, за разлика од оние кои страдаат од суша. Инфекцијата се случува преку коренот, од каде што паразитот се шири по спроводниот систем на растението, и предизвикува потемнување и посивување  на спроводниот систем кој се приметува на пресек. За заштита се користи избор на отпорни сорти, хемиски мерки, дезинфекција на почвата, да се уништат растителните остатоци, производство на здрав расад и плодоредот се единствените ефикасни мерки. Во плодоредот да се исклучат растенијата кој се познати како домаќини на паразитот. Повеќето нови сорти и хибриди припаѓаат на групата т. н. VF селекција, односно носи во себе вградена генетска отпорност према паразитот.



повеќе слики >>

Препарати